Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Започнува новата сезона, Вардар покажува дали има амбиции за титула
Започнува новата сезона, Вардар покажува дали има амбиции за титула

Започнува новата сезона, Вардар покажува дали има амбиции за титула

По повеќе од два месеци без фудбал, попладнево со два натпревари се означува стартот на новата натпреварувачката сезона 2018/19 во ПМФЛ.

На стартот, во првото коло, Вардар се научи да игра дерби натпревари, па така и денеска ќе отвори против најголемиот конкурент и оваа сезона за титулата, тетовска Шкендија. Дали Вардарци се ростерно силни да и парираат оваа година на Шкендија и да ја симнат од тронот, ќе дознаеме за нешто помалку од четири часа.

Вардар оваа сезона влегува во речиси нов состав и со нов тренер. Покрај тука стандардните Гачевски, Новак, Брдаровски и Барсегјан, многу се очекува и од “странците”, посебно од Вилијан Лира и Виктор Јуфо, двајца кои важат за две најголеми засилувања ова лето. Исто така се очекува голем дотринос и од Мицевски, кој на дуелите со Пјуник потфрли и одигра лоши натпревари.

Останува на дело да видиме како ќе се покажат Вардарци во првиот свој дуел во новата сезона. Дуелот започнува со почеток од 17.00 часот.