Вардаровата генерација родени “2006„ година го одиграа вториот натпревар на силниот меѓународен турнир во Вараждин. После победата против Оксала, избраниците на Павел Неделковски одиграа со нерешен резултат (1:1), во дуелот со тимот на МТК од Унгарија.
Мора да се напомене дека беше многу тврд и тежок натпревар, на крајот двете екипи ги поделија бодовите. По првото полувреме, противникот имаше предност од 0:1. Во второто полувреме, црвено-црните го израмнија резултатот со голот на Алтин Алији, кој го постави конечниот резултат од 1:1.
Во 16:00 го играме дербито во групата со екипата на Хајдук, меч во кој ни треба најмалку нерешено за да поминеме во четвртфинале.