ФК Вардар оваа сезона многу ќе зависи од играта и моменталното расположение пред се на Виктор Нилдо Јуфо, кој досега немавме можност да го гледаме во црвено – црниот дрес на официјален натпревар, потоа Вилијан Лира кој сега е во полна натпреварувачка форма и треба да биде главен адут во нападот на црвено – црните и играч кој ќе треба да постигнува голем број на голови (како на пријателскиот натпревар против Силекс), и новиот брзоног Данило Бала, кој сеуште е недоволно познат на нашата фудбалска јавност.
Виктор Нилдо Јуфо треба да биде главен адут и освежување на средината на теренот. Доколку Јуфо биде здрав и нема повреди, тогаш со сигурност ќе го подигне квалитетот на играта во средниот ред, нешто што на Вардар му недостасуваше на дуелите со Пјуник. Јуфо на денешниот дуел се очекува да стартува од првата минута на неговиот препознатлив терен во Тетово.
Вилијан Лира тргна добро. Напаѓачот досега има постигнато три погодоци на подготвителните натпревари и со самото тоа го фаворизира не само за денешниот меч, туку и за целото првенство пред Максимов во шпицот на нападот. Очекуваме и се надеваме дека заедно со Барсегјан, Лира ќе има одлична сезона со многу голови.
Третиот Бразилец кој дојде многу доцна во Вардар е Данило Бала. Бала игра на крилните позиции во тимот. Како ќе се снајде во новата средина и дали ќе биде од помош за нашиот тим, ќе покаже времето. Едно е јасно, Бала денеска нема да стартува во Тетово.
Се надеваме дека Бразилците ќе одиграат добра сезона со многу голови и асистенции!