Новата сезона во СЕХА-лигата, ќе започне со Македонското ракометно дерби, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Се очекува на 29 или 30-ти август, Металург да биде домаќин на актуелниот освојувач на ова натпреварување, екипата на Вардар која е најтрофејна во СЕХА-лигата, со три освоени трофеи. Одлучено е во првото коло меѓусебно да се сретнат екипите кои доаѓаат од иста држава, со исклучок на двојката, Татран Прешов и Брест Мешков, кои се единствен претставник од Словачка и Белорусија.
Знаеме дека во новата сезона, дел од ова натпреварување нема да биде тимот на Веспрем, додека дебитант во СЕХА-лигата е тимот на Динамо Панчево, од Србија.
Двојки за првото коло:
Металург – Вардар
Загреб – Нексе
Војводина – Динамо Панчево
Горење – Целче П.Л
Татран Прешов – Брест Мешков