Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Цибицки главен адут во нападот на Малме
Цибицки главен адут во нападот на Малме

Цибицки главен адут во нападот на Малме

Продолжуваме со анализа на дел од играчите на тимот на Малме, противникот на Вардар во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Кога веќе е јасно дека Росенберг нема да го предводи нападот на Малме, сега главен акцент се става на еден млад играч. Станува збор за младиот 23-годишен Павел Цибицки. Цибицки оваа сезона игра одлично во дресот на Малме, ги има одиграно сите 13 првенствени натпревари со постигнати 4 погодоци. Овој играч може да одигра како напаѓач и по крилните позиции. Цибицки ова лето беше заедно со својата репрезентација на ЕП до 21 година во Полска, одигра три натпревари но без посериозна улога, има вкупно 7 настапи за Шведска до 21 година. Минатата сезона Цибицки одигра на позајмица каде на 26 натпревари постигна 10 голови.

Иако се работи за млад играч, се очекува од него да доаѓа најголемата опасност по голот на Гачевски.