Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Нант, на последниот натпреварувачки ден на турнирот во Стразбур
Вардар против Нант, на последниот натпреварувачки ден на турнирот во Стразбур

Вардар против Нант, на последниот натпреварувачки ден на турнирот во Стразбур

Денес Вардар ќе го одигра последниот натпревар на меѓународниот турнир во Стразбур. Во борбата за петтото место противник ќе ни биде екипата на Нант од Франција, за која настапува Кирил Лазаров. Дуелот на програмата е од 13:00 часот.

Избраниците на Парондо имаа добар старт на турнирот, кога на првиот дуел ремизираа со екипата на ПСЖ (33:33), за на вториот дуел да бидат убедливо поразени од екипата на Брест Мешков (22:32). Повредите и некомплетниот состав си го направија своето, па денес црвено-црните со триумф ќе се обидат да го завршат настапот на овој турнир. Без Карачиќ, Борозан и Стоилов и заморот од тешкиот натпревар со ПСЖ, придонесоа за високиот пораз од Брест Мешков, кој имаше еден ден повеќе одмор од вардарци, пред одигрување на меѓусебниот натпревар.

Денешниот противник, екипата на Нант одигра исто така два натревари на кои забележа порази. Во првото коло беа поразени од актуелниот шампион на Европа, тимот на Монпелје (27:31), додека на вториот меч претрпеа пораз од екипата на Веспрем (24:28).  Во големото финале на турнирот ќе играат екипите на ПСЖ и Монпелје, додека за третото место силите ќе ги одмерат екипите на Веспрем и Брест Мешков.

После одигрување на денешниот дуел, вардаровата експедиција се враќа во Скопје, каде ќе се подготвува за првиот меч во СЕХА-лигата, против тимот на Металург, кој е закажан да се одигра во среда, во С.Ц. Јане Сандански.