Wednesday ,23 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар сам се победи во Загреб, прв пораз во ЛШ
Вардар сам се победи во Загреб, прв пораз во ЛШ

Вардар сам се победи во Загреб, прв пораз во ЛШ

Неочекуван пораз на Вардарци денеска во Загреб. Иако нашите играчи имаа во неколку наврати предност од пет голови разлика, сепак, на крај домаќинот се радуваше на победа и први бодови во групата.

Вардар започна добро, прв погоди Кањељас, а на спротивната страна одбрани еден удар нашиот голман Штербик. На спротивната страна прв погоди кој друг ако не Стипе Мандалиниќ во 3 минута од мечот за 1:1. Следуваа во серија два гола за Вардар преку Душебаев и Дибиров, Вардар за прв пат имаше плус два во 6 минута од мечот. Вардар потоа имаше можност да зголеми на три, но Дибиров промаши удар од седум метри. За осум минути Загреб постигна само еден погодок. Следуваа два гола на Загреб за 3:3 во 9 минута од мечот. Првото водство Загреб го имаше во 10 минута 4:3. Следуваше нов гол, втор денеска на Душебаев за 4:4. Втор зицер промаши Дибиров, а на спротивната страна погоди Загреб за ново водство од 5:4. Следуваа два гола во серија за нашиот тим, за ново водство, овој пат од 6:5. Во 16 минута Македа постигна погодок за 8:6 за нашиот тим. Во 16 минута тренерот на Загреб побара минута одмор. Во 20 минута од мечот Чупиќ погоди четврти пат вечерва за 11:10 за нашиот тим. Следуваше гол од контра напад на Македа за повторно плус два за нашиот тим. Во нашиот тим во игра влезе и Милиќ во 20 минута од мечот. Во 25 минута од мечот резултатот беше 13:11 за нашиот тим. Вардар во 27 минута од мечот за прв пат имаше плус три со голот на Борозан. Вардар во 28 минута имаше и плус четири со бомба удар и гол на Борозан. На полувреме се замина со резултат 17:12 за Вардар.

Во вториот дел прв погоди Хорват. Следуваше уште еден погодок на Загреб преку Шебетиќ за намалување на нашата предност на плус три. Прв во нашиот тим погоди Марсениќ за повторно плус четири. Потоа следуваше уште еден погодок на Марсениќ и Шебетиќ на спротивната страна за повторно плус четири за нашиот тим. Шебетиќ влезе во серија, во 36 минута постигна уште еден погодок, трет во низа за 19-16 за Вардар. Потоа погоди и Циндриќ за прв негов гол денеска и водство од нови четири разлика. Следуваа два гола на Загреб и тајм – аут за нашиот тим. Потоа погоди прв пат вечерва Деревен за прекин на серијата на Загреб. Следуваше уште еден гол на Вардар и повторно плус четири во 39 минута од мечот. Следуваше уште еден погодок на Циндриќ од контра напад, за највисоки плус пет. Во 43 минута преку Деревен дојдовме до нови плус четири и прекин на мини серијата на домаќинот. Во 46 минута Загреб се доближи на само минус два. Уште ден гол на Загреб за веќе само минус еден. Нашиот тренер побара и минута одмор. Во вториот дел се разбрани голманот на Загреб, кој имаше десет одбрани до 49 минута. На оваа средба РК Вардар имаше поддршка и од Комитите кои допатуваа во Загреб. Значаен гол постигна Шишкарев во 49 минута за плус два. Уште еден гол од крило, овој пат на Дибиров четврти вечерва за плус три во 51 минута од мечот. Во 55 минута Загреб дојде и до егал. Гол на Душебаев за 27:27 во 57 минута од мечот. До крајот Загреб беше по умешен и победи на овој дуел со резултат 28:27.