Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови две победи за генерација “2006“ во детската лига
Нови две победи за генерација  “2006“  во детската лига

Нови две победи за генерација “2006“ во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра ново коло во детската фудбалска лига. Настап имаше и Вардаровата генерација родени “2006“ година.

Вардар (1) продолжи со стопроцентниот ефект во лигата, забележувајќи нова победа. Противник ни беше екипата на Кул Здравје која ја совладавме со резултат 7:1. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Давид Голубов. Набргу успеваме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0. Стрелец на голот беше Дамјан Крстевски. Се обиде и Дарко Сековски, но неговиот удар го брани противничкиот голман. Прв удар и за Кул Здравје кон нашиот гол, но успешно интервенира Андреј Данстак. Сепак Кул успева да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. Вардар и покрај примениот гол продолжи да ја игра својата препознатлива игра и да создава шанси. Коловски упати силен удар, но само покрај голот на Кул. Истиов играч во следната акција успева да се запише во листата на стрелци и да донесе водство од 2:1. Од левата страна продре Колоевски ја упати топката која зафати еден од противничките играчи, го смени правецот и заврши во голот. Нов обид за постигнување гол имаше Сековски, сепак резултатот остана непроменет. Имавме можност до крајот на првиот дел да го зголемиме резултатот, но ударот на Николовски завршува во пречката од голот на Кул Здравје. По првиот дел резултатот е 2:1.

Марко Николовски на стартот на вториот дел ја погодува стативата од противничкиот гол. Сепак Николовски успева да се запише во листата на стрелци и во следната акција да погоди за 3:1. Продолжија да се редат шансите пред голот на протовникот. Коловски асистираше до Голубов, овој од непосредна близина шушира над голот. Конечно Кул се обидува од слободен удар, но безопасно за голот на Данстак. Голубов со својот прв денес погодок успева да зголеми на 4:1. Втор погодок на натпреварот и за Марко Николовски кој погодува за 5:1. Финишот од мечот му припадна на Михаил Танчев кој на два пати ја тресен противничката мрежа за конечни 7:1.

rt1

Убедлив беше и Вардар (2) кој ја прегази екипата на Шкупи со убедливи 8:1. Одлична игра за оваа екипа која во претходните кола се мачеше. По првото полувреме ја обезбедивме победата, кога имавме водство од 4:0. Олег Михајловски и Мирза Хасиќ постигнаа хет-трик, додека два гола зад името на Марко Митев.