Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младиот состав на РК Вардар 2 продолжува да изненадува со добрите игри, избраниците на Петковски го “прегазија“ Тиквеш
Младиот состав на РК Вардар 2 продолжува да изненадува со добрите игри, избраниците на Петковски го “прегазија“ Тиквеш

Младиот состав на РК Вардар 2 продолжува да изненадува со добрите игри, избраниците на Петковски го “прегазија“ Тиквеш

Денес во спортско рекреативниот центар Кале се одигра натпревар во рамките на четвртото коло од првата ракометна лига, во кој се сретнаа екипите на Вардар и Тиквеш од Кавадарци. Младиот состав на Зоран Петковски продолжува да изненадува со добрите игри и успеа да збележи нова победа.

Сигурна игра уште од стартот на мечот за РК Вардар 2 кој имаше постојано водство и ја контролираше играта. Веќе по првите пет минути имавме водство од 3:0, додека првиот погодок гостинскиот тим го постигнува дури во шестата минута. Пикерот Андреј Мицаноски во следниот напад погодува за предност од 4.1. Одбраната беше добро поставена додека во нападот постигнувавме голови од различни позиции. Во десеттата минута веќе стигнуваме до водство од 6:2. Популарниот “Зенга“ умешно го ротираше составот, што му носеше резултат. На голот започна Трпевски, а на средината на првиот дел на голот застана и Андреј Петковски кој веднаш ја бележи првата интервенција. Црвено-црните постигнуваат два гола во серија и стигнуваат до највисоки шест голови предност 10:4. Тиквеш немаше одговор за нашата брза игра, иако на моменти се обидуваше со груби прекршоци тоа не им успеваше. Нашпите момци беа во налет и во 20 минута од мечот зголемуваат на 12:5. До крајот на првото полувреме успеавме и да го зголемиме водството. На неколку секунди пред крајот на првите 30 минути, нашиот тренер повика тајмаут. Имаше седум секунди за игра се обиде Апостоловски, голманот одбрани, но одбиената топка стигна до крилото Чакалиќ кој со звукот  на сирената погодува за 18:10. Со овој резултат се замина на одмор.

vardarfans-pobeda

На стартот на вториот дел постигнуваме два гола во серија за веќе двоцифена предност од 20:10. Првиот гол во овој дел, Тиквеш го постигнува во 35 минута. Продолживме со брзото темпо на игра, кое очигледно гостинскиот тим неможеше да го следи. На голот повторно се врати Трпевски, а младиот Чакалиќ погодуваше од брзи контра напади. Со голот на Стоилевски од седум метри, веќе имавме убедлива предност од 27:12 во 42 минута. Како одминуваше натпреварот, предноста се повеќе растеше за нашиот тим. Амзокси успева да погодои за убедливи 30:13. На голот се врати Петковски и за кратко направи неколку одбрани. Последните десет минути беа само рутина за избраниците на Петковски, кои си поигруваа со противникот. Конечниот резултат гласеше 40:20.

Ова беше вкупно четврта победа од исто толку одиграни натпревари за екипата на РК Вардар 2. Стефан Чакалиќ, Стефан Апостоловски, Алија Амзоски и Марио Гичев постигнаа по 5 гола.

ВАРДАР 2: Петковски, Чакалиќ 5, Крстевски 1, Димковски 1, Мишевски 1, Димитров 3, Апостоловски 5, Трпевски, Гичев 5, Лазов 3, Мицановски 2, Стоилевски 3, Стошиќ 2, Амзоски 5, Атанасовски, Стојановски 4.