Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжува победничкиот поход на генерација “2005′, Цветков јунак за Вардарци кои остануваат со максимален број на освоени бодови
Продолжува победничкиот поход на генерација “2005′, Цветков јунак за Вардарци кои остануваат со максимален број на освоени бодови

Продолжува победничкиот поход на генерација “2005′, Цветков јунак за Вардарци кои остануваат со максимален број на освоени бодови

Нови две победи за Вардаровата генерација родени “2005“ во детската фудбалска лига. Избраниците на Игор Кралевски денес на терените на ФФМ одиграа два натпревари кои ги добија, со што ја продолжија серијата на победи.

Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Металург, која ја доби со резултат 3:1. Иако противникот прв успеа да поведе, сепак до крајот на мечот нашите млади надежи направија комлетен резултатски пресврт. Црвено-црните одлично го започнаа мечот и имаа некоилку шанси, преку Величковски и Јовановски. Стигна казната на спротивната страна и противникот прв успева да го отвори резултатот за 0:1. Во следните минути најактивен беше Ѓорѓи Дошев кој на два шутираше покрај голот и еднаш ја погоди пречката. Среќата сеуште во тие моменти беше на страната на Металург, која ја одржуваше предноста. Сепак Никола Величковски успева со прекрасен гол да го израмни резултатот на 1:1. Металург можеше набрзина да врати, но пречката од голот на Василиј беше наш сојузиник. Величковски повторно стапува на сцена и успева со својот втор гол да донесе водство на Вардар од 2:1. Најпрво беше погодена стативата, но од втор обид не греши надежниот Величковски кој носи предност за својот тим. Овој играч беше во центарот на вниманието до крајот на првото полувреме. Имаше уште на два пати прилика да постигне хет трик, а најзрелата шанса беше во последната минута кога промаши удар од белата точка. Првото полувреме завршува со резултат 2:1.

14720538_1675986382712412_2580725391824204817_n

Матеј Гаштаров се обиде на почетокот на вториот дел, но без промена на резултатот. Вардар имаше неколку шанси да го зголеми резултатот, но денес немавме среќа. Нова шанса за Величковски, но голманот на Металург денес одлично бранеше. Удар имаше и Филип Јовановски. Сепак за да не биде овој меч извесен до крај се погрижи Матеј Гаштаров кој погодува од пенал за 3:1. Сосема заслужена победа за Вардар кој имаше доминација во текот на целиот меч.

До победа стигна и Вардар (2) против екипата на Сарај. Најзаслужен за триумфот беше Горјан Цветков кој ги постигна сите три гола за Вардарци. Прв кој се најде во прилика за отварање на резултатот беше Стефан Наумовски, но противничкиот голман брани со крајни напори. Цветков се обиде од слободен удар, но брани повторно голманот на Сарај. Противникот имаше прилика, но топката заврши покрај голот на Леонид. Сепак со удар од белата точка, Сарај успева да реализира за водство од 0:1. На ист начин од пенал врати и Горјан Цветков за израмнување на 1:1. Сепак до крајот на првото полувреме, Сарај постигнува нов гол за повторно да дојде во предност од 1:2

vardarfan-s-protiv-saraj

Во вториот дел, составот на Кралевски вршеше константен притисок на половината на противникот. Желбата за победа беше поголема кај Вардарци, а среќата ги прати најхрабрите. Горјан Цветков беше дефинитивно најрасположен играч на теренот. Тој имаше добра шанса за израмнување, која остана нереализирана. Довербата повторно да биде од белата точка, тренерот Кралевски му ја даде на Цветков, кој погодува за 2:2. Речиси во последната минута од мечот, јунакот Цветков погодува за предност од 3:2. Со овој резултат завршува натпреварот.

14725613_1675986462712404_9181903189379430546_n

Оваа генерација игра одлично оваа сезона и го задржува стопроцентниот ефект на натпреварите од детската лига.