Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со најсилниот состав ќе се спротивстави на Загреб
Вардар со најсилниот состав ќе се спротивстави на Загреб

Вардар со најсилниот состав ќе се спротивстави на Загреб

Вечерва од 20 часот екипата на РК Вардар продлжува со натпреварите во лигата на шампиони. Црвено-црните ќе гостуваат во Хрватска, на екипата на ППД Загреб. Вардар ќе се обиде да стигне до петтата последователна победа, со која би се зацврстиле на првата позиција на табелата.

Тренерот Гонзалес веќе го објави составот за денешниот меч. Единствено нема место за Владо Недановски и Петар Ангелов.

Ова се ракометарите кои ќе се борат за новата победа: Штербик, Милиќ, Абутовиќ, Борозан, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Деревен, Дибиров, Душебаев, Фереира, Карачиќ, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов.