Најпрвин на теренот истрча Вардар (1). Нашиот тим славеше победа над ФК Куманово со резултат 8:3 (5:2). Нашите момчиња уште во првата минута од мечот ја начнаа мрежата на кумановци, и наговестија дека и на овој натпревар се расположени за голови. Прв во листата на стрелци се запиша Александар Грашевски. Вториот гол беше дело на Борјан Томовски, кој со прецизен удар го совлада по втор пат голамот на противниците. Потоа, Вардар немаше среќа, Младеновски Стефан ја погоди стативата од голот на Куманово. Истиот играч не знаеше да згреши два пати, стрелаше прецизно за веќе убедливи 3:0. Потоа беше досуден и пенал за нашиот тим, но Киш не успеа да го реализира и да зголеми на 4:0. Следуваше прв погодок за кумановци, за намалување на 3:1. Голеадата на овој меч ја продолжи Борјан Томовски со прецизен удар. Петтиот погодок на овој меч беше дело на Петар Мицевски. Кумановци намалија на 5:2, со одличен гол од слободен удар на еден нивни играч. Во вториот дел повторно погоди Борјан Томовски со прецизен удар ниско по земја за 6:2. Серијата на погодоци не застана тука, следен кој се запиша во листата на стрелците беше Петар Мицевски. Потоа Куманово погоди за намалување на 7:3. Точка на оваа средба стави Стефан Младеновски со прецизен удар од белата точка, за конечни 8:3.
Вардар (2) пак, се сретна со тимот на ФК Скупи. Нашиот тим славеше победа со резултат . Натпреварот го отвори Никола Јовановски со прецизен удар од првиот обид. Во 10 минута од мечот беше досуден пенал за Вардар. Никола Јовановски ја зеде топката, силно биеше и постигна погодок за 2:0. Потоа следуваше фаза во која и двете екипи играа на средината на теренот. На средина на првиот дел Скупи постигна погодок за 2:1. Со овој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел нашиот тим имаше две опасни шанси но остана 2:1. Потоа Скупи имаше опасна закана, но одбрани нашиот голман. Следуваше одлична шанса за нашиот тим но одбрани голманот на Скупи. Нов одличен шут и погодок на Никола Јовановски, трет денеска за двојна предност од 3:1. Уште еден сјајен погодок, овој пат од слободен удар на Кристијан Јаковчевски кој биеше феноменално во аголот од голот на Скупи 4:1. Потоа еден наш играч си постигна автогол за 4:2. Нов гол на Никола Јовановски, дури четврти денеска за 5:2. Пенал за Вардар реализатор беше Кристијан Јаковчевски за 6:2 Крај на натпреварот победа на Вардар.