Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар го “декласираа“ Бутел и се вратија на победите во лигата
Пионерите на Вардар го “декласираа“ Бутел и се вратија на победите во лигата

Пионерите на Вардар го “декласираа“ Бутел и се вратија на победите во лигата

Пионерите на ракометниот клуб Вардар се вратија на победите, откако денес во спортската сала “Иван Хаџи Николов“ ја победија екипата на Бутел. Пресудно за триумфот беше добрата игра во второто полувреме, кога му дозволивме на противникот да постигне само пет голови.

Домашниот тим прв го отвори резултатот за почетно водство од 1:0, но црвено-црните вратија со серија од три последователни голови за преднсот од 1:3. Бутел успева да врати на ист начин и да постигне три гола, за враќање на водството од 4:3. Ова беше само поттик за избраниците на Андријана Будимир да прикажат подобра игра и со нова серија од 0:4 да стигнат до највисоки 4:7. Ова водство воглавно го задржавме до крајот на првиот дел, кога на одмор заминавме со резултат 6:9.

Во вториот дел дојде до израз квалитетот и силата на нашите пионери. Во првите пет минути од второто полувреме ја држевме разликата на четири голови предност, се до моментот кога при резултат 10:14 успеваме да постигнеме пет последователни голови во мрежата на домашниот тим и да се одлепиме на високи 10:19. Веќе беше познато кој ќе ги освои бодовите од овој натпревар. Само за момент Бутел ја прекина нашата серија за да го постигне својот 11-ти гол, што беше и последен за нив на овој меч. Намалија на 11:19, но до крајот на дуелот уште седум голови за Вардар. Конечниот резултат беше 11:26.

Дамјан Димитриевски и Јован Танев во редовите на Вардар постигнаа по 5 гола.

После нерешениот резултат со Аеродром, младите Вардарци се вратија на победите, впишувајќи го третиот триумф во лигата.