Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар 1961 „трепереше“ за победа против последно пласираниот Скопје

РК Вардар 1961 „трепереше“ за победа против последно пласираниот Скопје

Вардарци потешко од очекувањата стигнаа до нова победа во домашната Супер Лига. Црвено-црните вечерва гостуваа во С.Ц. Борис Трајковски кај последнопласираниот тим на Скопје кој нема сезонава освоено ниту еден бод.

Место да биде тоа рутинска победа за момците на Веселин Вујовиќ, напротив Вардар се намачи да стигне до бодовите. Екипата на Скопје во неколку наврати во првото полувреме имаше предност од два гола, додека н полувреме замина со минимално водство од 15:14. Наместо во второто полувреме да ја превземеме контролата, му дозволивме на противникот да стигне и до три гола разлика. Вардар избегна срам, откако направи серија од 0:4 и на тој начин се одлепи резултатски. На крајот победата дојде со резултат 27:32.

Вардар има пет порази во серија во Лигата на Шампионите, додека во домашното првенство се мачи да стигне до триумф против неатрактивни противници, што треба да биде загрижувачки.

Гоце Георгиевски и Јан Чувара беа најефикасни кај Вардар со по 8 постигнати голови, додека Филип Талески имаше 6 погодоци.