Денес пионерите на РК Вардар 1961 имаа успешно „огнено крштевање“ во лигите на РФМ. Оваа екипа е новоформирана и денес прв пат играше дуел, во 2.коло во Јане Сандански го пречекавме тимот на МРК Куманово. Тимот предводен од Зоран Петковски-Зенга дојде до убедлива победа, црвено-црните пионери победија со резултат 26-9.
Ние на почетокот поведовме, ривалот со два гола ја презема предноста (1-2) тоа беше прво и последно водство на кумановчани. Одлично игравме во одбрана во напад тоа беше наградувано, со три врзани гола ја преземавме предноста на оваа пионерска средба (4-2). Потоа од минута во минута момците на Зенга ја зголемуваа предноста, на одмор заминавме со седум плус , 10-3.
Во вториот дел започнавме на исто ниво како и во првиот период, па на средината на второто полувреме на семафорот во „Јане Сандански“ стоеше 20-7 за нас. Во последната четвртина немаше никакви измени на темпото, црвено-црните пионери доминираа и на крај победија со двоцфрена разлика, односно со 17 гола. Победивме со резултат 26-9.
Прв стрелец беше Петар Илиевски со 6.гола, еден помалку имаше Томислав Стаменов, по 4 гола впишаа двајца момци, Петар Насков и Ангел Столевски.