Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар се наоѓа на 14.место на вечната листа, на најдобрите екипи во Лигата на Шампионите
Вардар се наоѓа на 14.место на вечната листа, на најдобрите екипи во Лигата на Шампионите

Вардар се наоѓа на 14.место на вечната листа, на најдобрите екипи во Лигата на Шампионите

Последниве шест сезони, Вардар игра важна улога во Европскиот ракомет со постигнатите резултати. Трета година по ред црвено-црните се најдоа на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Келн, а врвот Вардар го достигна во 2017 година кога успеа да ја освои Европската титула. Претходно три сезони по ред бевме и во најдобрите осум екипи. Ваквите достигнувања му овозможија на Вардар да се искачи погоре на вечната листа во Лигата на Шампионите.

Досега Вардар има одиграно 140 натпревари во најголемото натпреварување на кои забележа 67 победи, 15 нерешени средби и 58 порази. Скокнавме две места погоре и сега се наоѓаме на 14.позиција на најдобрите екипи во ЛШ. Први на вечната листа е екипата на Барселона, додека втор е Веспрем.

Вака изгледа вечната листа на најдобрите екипи во Лигата на Шампионите.

vardarfans-vecna-lista