Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > По завршување на СП, според експертите на ЕХФ, РК Вардар би требало да игра на Ф4 во Келн

По завршување на СП, според експертите на ЕХФ, РК Вардар би требало да игра на Ф4 во Келн

По завршување на светското ракометно првенство продолжуваат возбудувањата во машката лига на шампиони. ЕХФ новинарите како и ракометните експерти во најголемото ракометно натпреварување го опишуваат влијанието на СП во клубовите кои се дел од лигата на шампионите, како и кои тимови во овој момент имаат најголеми шанси да се пласираат на завршниот турнир. Според нив Вардар е на четвртото место кое води на завршниот турнир во Келн.

Што напишаа експертите во ЕХФ за ракометниот клуб Вардар:

-Вардар заврши на врвот во регуларниот дел на СЕХА-лигата. Клубот би можел да профитира од евентуален пораз на Киелце од РНЛ, но сепак треба да ја завршат домашната задача против пониско рангираните екипи. Тимот предводен од Раул Гонзалес се најдобро рангиран тим во групата Б според овој наш ранкинг.  Најтешкиот меч за црвено-црните како што изгледа е гостувањето кај Сегед, па така, завршувањето на врвот во групата не изгледа како недостижно

Вака изгледа листата на ТОП-10 најдобри екипи кои би имале најголеми шанси оваа сезона да се најдат на завршниот турнир:

1. ПСЖ

2. Барселона

3. Веспрем

4. Вардар

5. Киелце

6. Рајн-Некар

7. Фленсбург

8. Пик Сегед

9. Монпелје

10. ППД Загреб