Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар доби нова шампионска инсталација во Келн
Вардар доби нова шампионска инсталација во Келн

Вардар доби нова шампионска инсталација во Келн

Неколку месеци по освојувањето на шампионската титула во Келн, двојниот европски првак Вардар повторно беше во центарот на вниманието откако ЕХФ ја претстави втората инсталација во “Ball od Fame” пред Ланксес Арената. Ова е вторпат за три години Вардар да биде во центарот на вниманието во Келн и тоа пред почетокот на сезоната кога се одржува традиционалната работилница со сите клубови учесници во Лигата на шампионите.

Стаклени инсталации има за сите екипи победници во ЛШ откако се игра овој систем на Ф4 во Келн. Вардар беше европски првак во 2017 и во 2019 година. „Црвено-црните” ja добија јубилејната 10-та инсталација, како победници на 10. Ф4 во ЛШ.

Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, генералниот секретар Мартин Хуслајтер и ЕХФ маркетинг директорот, Давид Шлезак беа придружувани од Елфи Шо-Антверпен, градоначалничката на Келн заедно со Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар. На стаклената инсталација ја има годината и победникот, заедно со резултатите постигнати во полуфиналето и во финалето.