Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар стигна до нова рутинска победа во СЕХА-лигата, совладан Динамо од Панчево
Вардар стигна до нова рутинска победа во СЕХА-лигата, совладан Динамо од Панчево

Вардар стигна до нова рутинска победа во СЕХА-лигата, совладан Динамо од Панчево

Вардар стигна до нова рутинска победа во СЕХА-лигата, совладувајќи ја екипата на Динамо од Панчево. Со половина од силите, триумфираа црвено-црните со резултат 23:27.

Вардар имаше водство во текот на целиот натпревар, а започнавме со три последователни голови, за домашниот тим првиот свој гол да го постигне во 9 минута. На голот беше Страхиња Милиќ, кој се научивме добро да брани на настапите од СЕХА-лигата. Врати со два гола во серија, Динамо, за да го намали резултатот на 2:3. На овој дуел недостасуваа капитенот Стоилов и Дибиров, па на левата крилна позиција шанса доби Владо Недановски. Црвено-црните имаа контрола на резултатот и со серија од 0:3 се одлепија на предност од 2:6. Половина од погодоците во овој период беа дело на Мартин поповски, кој доби шанса пред Шишкарев. Најмногу што успеа да стори противникот е да намали на три гола негатива (4:7), за Вардар во 22 минута со голот на Македа да стигне до највисоки пет голови разлика (6:11).Динамо го имаше расположениот Димитријевиќ кој најчесто погодуваше, а на полувреме се заминува со резултат 9:13 за Вардар. На нашиот гол, Милиќ стигна до осум одбрани.

Со целосно нова постава излезе тренерот Гонзалез во вториот дел. На голот застана Ѓорѓески, кој а пет минути стигна до две одбрани, додека во нападот напаѓавме со Циндриќ, Борозан, Кристопанс, Шишкарев и Недановски, додека во одбраната застана и Абутовиќ. Првиот гол го постигна Динамо за намалување на резултатот на 10:13, но разиграните Вардарци постигнуваат четири последователни голови и зголемуваат на 10:17. Во следниот период успева домашната екипа да намали на 17:22 и да не му дозволи на Вардар да се одлепи на голема разлика. Голманот на Динамо, Петровиќ стигна до својата деветта одбрана, а неговиот тим постигнува гол за 19:24. И нашиот голман, Ѓорѓески ја забележа четвртата одбрана, а Вардар имаше контрола на резултатот. На крајот победа која беше вкупно 15 во ова натпреварување, изразена со конечен резултат од 23:27.

Најефикасен во нашиот состав беше Поповски кој постигна 6 голови, додека Кристопанс имаше 5 погодоци.