Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар со триумф вечерва против Еурофарм, може да ја потврди шампионската титула
Вардар со триумф вечерва против Еурофарм, може да ја потврди шампионската титула

Вардар со триумф вечерва против Еурофарм, може да ја потврди шампионската титула

Вечерва со почеток од 18:00 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на екипата на Еурофарм Работник, на заостанат натпревар од 6.коло во плеј-офот од супер лигата.

Црвено-црните имаат можност на две кола пред крајот да ја заверат шампионска титула, која би била 13. за најдобриот спортски колектив во Македонија. Вардар е прв на табелата со 21 бод, додека Еурофарм има три помалку, во случај на триумф, Вардар ќе ја одбрани титулата. На првиот меч во Битола, нашиот шампион славеше триумф после голем пресврт (28:3o), откако на моменти од мечот имавме и осум голови негатива.

Ако Вардар победи, вечерва ќе им бидат доделени медалите и трофејот за освоената Супер лига. До крајот на сезоната за Вардар остануваат мечевите против екипата на Пелистер ( дома) и на гостински терен против тимот на Металург.  Влезот за вечерашниот меч е слободен, а сите кои нема да бидат во сала, стрим од дуелот можат да погледнат, на линкот, ТУКА.