Трета година по ред РК Вардар е на само еден чекор до испишување на нова страна во историјата на РК Вардар. Минатите две години Вардарци за малку не успеаа да се пласираат на толку посакуваниот Ф-4 турнир. Пред две години бевме толку блиску, но сепак немавме среќа да се пласираме меѓу четирите најдобри, Минатата година на патот застана полскиот тим Киелце кој не доби и на двата натпревари.
Сега доаѓа трет нов противник на патот кон историјата. Тоа е унгарскиот шампион екипата на Веспрем. Веспрем не е ни малку непозната екипа, со унграците речиси секоја година одигруваме по некој натпревар, дали е тоа ЛШ дали СЕХА лигата. Оваа година два пати се сретнавме со унгарците и тоа во СЕХА лигата. Интересно е тоа што и на двата натпревари беше нерешено, и во Скопје и во Унгарија, што значи дека овие два тима се слични по квалитет. Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје во периодот од 20-24 април, а реваншот 7 дена подоцна.