Во месец февруари продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар. Најпрво на 6.февруари гостуваме на екипата на Рајн-Некар, додека на 16.февруари на домашен терен ја пречекуваме екипата на Веспрем. ЕХФ го прогласи за дуел на колото, соочувањето помеѓу Вардар и Веспрем
Црвено-црните триумфираа на првиот дуел, одигран во Унгарија. Дуелот на 16.февруари ќе се одигра со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански. Победникот од овој натпревар ќе ги зголеми шансите за освојување на второто место на крајот од групната фаза.