Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Оцвирк постигна 3 гола за младинската репрезентација на Словенија, во дуел со Србија
Оцвирк постигна 3 гола за младинската репрезентација на Словенија, во дуел со Србија

Оцвирк постигна 3 гола за младинската репрезентација на Словенија, во дуел со Србија

Играчот на Вардар, Грегор Оцвирк е дел од младинската ракометна репрезентација на Словенија, која се наоѓа на силен меѓународен турнир во Унгарија.

Вчера словенците кои се актуелни младински шампиони на Европа го одиграа првиот натпревар на турнирот, против селекцијата на Србија. Натпреварот заврши со нерешен резултат 29:29, а Словенија имаше еден гол предност по првото полувреме (18:17).

Грегор Оцвирк беше дел од составот на Словенија за овој натпревар и успеа да постигне 3 голови. Денес продолжуваат настапите на турнирот, а Словенија за противник ја има селекцијата на Чешка, додека утре че игра против домашната репрезентација на Унгарија.