Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ е единствениот “вардарец„ кој ќе ја продолжи борбата за медал на СП, Македонија и Русија ќе разигруваат за пласман од 13-16.место
Карачиќ е единствениот “вардарец„ кој ќе ја продолжи борбата за медал на СП, Македонија и Русија ќе разигруваат за пласман од 13-16.место

Карачиќ е единствениот “вардарец„ кој ќе ја продолжи борбата за медал на СП, Македонија и Русија ќе разигруваат за пласман од 13-16.место

Денес е слободен ден на Светското ракометно првенство, откако вчера се комплетираше и последното 5.коло во сите четири групи. Познати се и репрезентациите кои продолжуваат во следната фаза и ќе се борат за пласман во полуфиналето, кое носи можност за освојување на еден од медалите.

e1e57c072ec98ac5ca74

Во следната фаза ќе имаме само еден ракометар од редовите на Вардар. Тоа е Игор Карачиќ кој со репрезентацијата на Хрватска успеа да пренесе максимални четири бодови во втората групна фаза. Избраниците на Червар го добија дербито во групата Б против селекцијата на Шпанија (19:23) и на тој начин си ги зголемија шансите да се најдат во полуфиналето. Одлична игра на хрватите, која беше подржана од голманот Шего, кој и на овој дуел блескаше и забележа двоцифрен број на одбранети удари. Карачиќ иако не се запиша во листата на стрелци имаше голем удел во овој триумф. Тој помина на теренот сигурно 40 минути, над него беа изнудени неколку удари од седум метри, а исто така имаше и неколку успешни асистенции до своите соиграчи.

50626737_10157724333940348_962908840012021760_n

Македонија не успеа да ја оствари примарната цел по која дојде на мундијалот. Исланд се покажа како посилен и на крајот славеше со резултат 22:24. Македонија на полувреме имаше водство од 13:11, но не успеа да издржи до крајот на мечот. Стоилов не постигна ниту еден гол, иако беше во позиција, додека Поповски го одигра најголем дел од вториот дел и успеа да постигне еден гол.

На натпревар кој немаше резултатско значење, Србија го претрпе и третиот пораз во групата. Домаќинот Германија беше поуспешен во дуелот со србите, кои ги совладаа убедливо со резултат 31:23. Милосављев имаше три интервенции, од кои и еден седмерец. На тој начин Србија го освои 5.место во групата и ќе се борат за пласман од 17-20.место во Копенхаген.

По голема борба, Русија беше поразена во дуелот со Франција. Овој меч за “триколорите„ немаше резултатско значење, со оглед дека претходно се знаеше дека Русија и да победи, нема шанси за пласман во следната фаза. Сепак во интересна завршница, избраниците на Динарт подобро се снајдоа и славеа со резултат 23:22. Кисељев постигна два гола, додека Дибиров еден погодок. Шишкарев не се запиша во листата на стрелци, додека во составот не беше Калараш.

Македонија, Русија, Чиле и Катар ќе разигруваат во Келн, за пласман од 13-16 место. На 19 јануари, со почеток од 13:00 часот, Македонија ќе се сретне со Русија, додека во вториот меч се среќаваат Катар и Чиле.