Македонската фудбалска репрезентација до 16 години со два порази и еден нерешен резултат го завршија силниот меѓународен турнир “Мерцедес Куп„ кој се играше во Анталија. Дел од македонската селекција која ја предводи Горан Станковски беа и пет играчи од редовите на Вардар.
На првиот натпревар како што претходно известивме нашите млади надежи беа поразени од селекцијата на Русија со резултат 4:0. На вториот натпревар за противник ја имавме Шпанија, која не победи со резултат 2:0. На овој меч стартер беше само Грегори Давков, додека по 20 минути добија и Петар Давидовски како и Филип Ѓорѓоски.
На последниот меч го освоивме и единствениот бод на турнирот, против репрезентацијата на Турција. Иако имавме негатива од 1:0 по првото полувреме, во вториот дел постигнавме гол и ги поставивме конечните 1:1. Цел натпревар на голот беше Лука Стојковски, додека сите 80 минути ги одиграа и Филип Ѓорѓоски и Грегори Давков. Во игра влезе и Давидовски, додека без минутажа остана Стојчевски.