Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > За сите оние кои не се во можност да дојдат во сала, МРТ ќе врши пренос
За сите оние кои не се во можност да дојдат во сала, МРТ ќе врши пренос

За сите оние кои не се во можност да дојдат во сала, МРТ ќе врши пренос

Утре со почеток во 16 часот РК Вардар ќе го одигра првиот, од вкупно двата натпревари против Веспрем во рамките на 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Ова е најважен натпревар за нашите момци оваа сезона, се надеваме дека конечно ќе ја минеме пречката наречена 1/4 финале, и ќе се најдеме на  толку посакуваниот завршен турнир. Сиве овие години бевме толку блиску, но сепак далеку, се надеваме декаа оваа сезона е токму таа за вакво нешто.

Како и на секој натпревар, така и на овој, МРТ-1 ќе врши пренос од овој важен прв натпревар против шампионот на Унгарија. Овој натпревар како што е добро познато започнува во 16 часот.

16.00 (МРТ-1) ракомет, ЛШ МАЖИ 1/2: ВАРДАР-ВЕСПРЕМ – (ком: Г.СТЕРЈОВ / З.ВИДЕВСКИ)