Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Jуниор денеска против ЖРК Металург
ЖРК Вардар Jуниор денеска против ЖРК Металург

ЖРК Вардар Jуниор денеска против ЖРК Металург

Денеска ЖРК Вардар Јуниор игра нов натпревар од Супер лигата во женска конкуренција. Нашите млади девојки го играат дерби натпреварот на ова второ коло против ЖРК Металург. Овој натпревар започнува во 16 часот во спортската сала во населбата Автокоманда. Нашите девојки првиот натпревар во Супер лигата го добија на убедлив начин против Пелистер со резултат 32:18, се надеваме дека и на овој денешен дерби натпревар ќе излеземе како победници.

Покрај Јуниор, овој викенд, поточно утре ЖРК Вардар ќе одигра натпревар против тимот на ЖРК Куманово во малата сала при СЦ. Јане Сандански од 11-30 часот. Ова ќе биде дуел да се воигра екипата пред најважните натпревари во ЛШ.