Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар треба да покаже против Веспрем колку е силен годинава

Вардар треба да покаже против Веспрем колку е силен годинава

rkvardar

В сабота ќе се одигра големото дерби на СЕХА лигата, дербито на најголемите претенденти  и оваа сезона за освојување на лига, шампионите на Македонија и Унгарија, тимовите на Вардар и Веспрем. Вардарци на оваа дерби пресметка ќе влезат со два натпревари зад себе, оној нерешениот против Брест Мешков во нашата сала, и тесната победа над Металург во СЦ. ”Борис Трајковски”.

Вардарци на овој натпревар, против секогаш силниот тим на Веспрем, треба да покажат до каде се оваа сезона силите, дали може да сметаме на добри резултати како во минатите сезони, или пак оваа сезона нешто недостасува во овој ”нов” Вардар.

Натпреварот ќе биде одигран в сабота, во спортскиот центар ”Јане Сандански” со почеток во 20 часот и 30 минути. Сите љубители на Вардар,  и на добар ракомет, можат да си набават билети по симболична цена од 50 денари. Сите оние што имаат купено сезонски билети за РК Вардар или пак Вардар ПАС, можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на купените ваучери. Се гледаме во сала!