Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар и Македонија ЃП на ”мегдан” по 2014 година

Вардар и Македонија ЃП на ”мегдан” по 2014 година

Овој викенд на програмата е петтото коло од првата македонска фудбалска лига. Тимот на Вардар, во ова петто коло, му гостува на новиот прволигаш, тимот на Македонија ЃП. Тимот од населбата Ѓорче Петров, тргна во новата сезона со два порази, но потоа следуваа две нерешени средби, со на ”хартија” по јаки противници, во името на Пелистер и Силекс.

Вардар последен пат против овој тим се сретна на 26 март 2014 година во Ѓорче. На тој натпревар, резултатот по 90 минути гласеше 2-2, а головите за нашиот тим ги постигнаа Филип Петров и Јасир Асани. Потоа во 2013 година, исто така на стадионот во Ѓорче, нашиот тим славеше со 3-1, со головите на Стојков, Петров и Грозданоски. На 04 август, исто така во 2014 година, нашиот тим како домаќин го победи убедливо тимот од Ѓорче со резултат 4-1. На 16 август, 2009 година, Вардарци го доживееаа најболниот пораз од овој тим, со убедливи 5-0. Во таа сезона тимот од Ѓорче имаше моќен тим.

Но, ова се некој други времиња. Очекуваме нови, и лесни три бода од нашиот шампион, со самото тоа зацврстување на првата позиција на табелата во ПМФЛ.