Во недела ќе продолжи новата меѓурегионална лига, за генерации родени “2002“ и “2003“ година. Своето прво коло во новата лига ќе го одигра генерацијата родени “2002“ година, додека ова ќе биде втор меч за генерацијата “2003“. Противник на двете Вардарови категории ќе биде биде екипата на Башкими. Овие натпреаври ќе бидат одиграни во недела, на академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Новата лига ќе брои 14 екипи, а ќе бидат одиграни 26 кола, по 13 во есенскиот и пролетен дел. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски одиграа два контролни натпревари против академија на ФФМ, на кои по една победа им припадна на двете екипи. Генерација “2003“ во првото коло беше убедлива во дуелот со врсниците од Македонија Ѓ.
Нашите екипи се фаворити на овој натпревар, улога која треба да ја оправдаат и на теренот.