Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа од Прилеп ќе биде противник на Вардаровите фудбалски генерации, во рамките на 4 коло од лигата

Победа од Прилеп ќе биде противник на Вардаровите фудбалски генерации, во рамките на 4 коло од лигата

Во сабота продолжуваат натпреварите од четвртото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за сите Вардарови генерации ќе биде екипата на Победа од Прилеп.

Помладите пионери ќе бидат домаќини на своите врсници од Победа. Во минататото коло оваа наша генерација ремизираше со екипата на Милано. Минатата сезона забележавме победа и нерешен резултат во дуелите со овој противник. На гостувањето во Прилеп славевме убедливо со 0:5, но на домашен терен потфрливме и одигравме без голови 0:0. После тој натпревар го изгубивме лидерското место, а овој нерешен резултат на крај се покажа како еден од клучните за губење на титулата. Овој натпревар ќе се одигра во сабота на новата академија, со почеток од 11 часот.

Пионерите се големи фаворити во дуелот со своите врсници од Победа и се освен триумф би претставувало големо изненадување. Избраниците на Сашо Тодоровски имаат три победи од исто толку одиграни мечеви во новата сезона и се на добар пат да ја забележат и четвртата последователна. Со гол разлика 8:0 беа добиени мечевите од минатата сезона со овој противник и тоа со идентичен резултат од 4:0 на двата натпревари. Дуелот ќе се одигра на истиов терен, од 13 часот веднаш после завршување на пом.пионери.

Кадетите ќе се обидат да ја продолжат добрата серија која започна од самиот старт на новата сезона. Избраниците на Влатко Колев се наоѓаат во одлична форма во пресрет на овој натпревар. Минатата сезона на гостувањето во Прилеп одигравме без победник (1:1), со голот на Дејан Маркоски, кој нема да биде во составот на утрешниот меч. На домашен терен ги добивме Прилепчани со резултат 3:1. Не очекува интерсен натпревар, на кој се надеваме дека нашите надежи ќе излезат како победници. Овој дуел ќе започне од 11 часот во сабота на теренот во Прилеп.

Првенствените натпревари на младинскиот состав им служат за добра подготовка пред главниот предизвик кој следува на крајот на септември и гостувањето против Салсбург во лигата на шампиони. Победа ќе биде новата пречка за Вардарци која треба успешно да се помине. Немавме проблеми во дуелите со овој противник на мечевите одиграни минатата сезона. Тогаш славевме во два наврати со резултат 3:0. натпреаврот ќе се одигра во Прилеп од 13 часот.