Oд оваа недела, стартува нов проект на Сител телевизија и ФФМ. Љубителите на македонскиот фудбал ќе можат секој викенд да проследат по еден натпревар од ПМФЛ.
Овие преноси ќе се емитуваат на Сител 3. Овој викенд љубителите на фудбалот ќе имаат можност да го проследат натпреварот помеѓу екипите на Работнички и Силекс. Се надеваме дека од идните кола, ќе го имаме и Вардар низ директни преноси.