Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сергеј Самсоненко го честита “Денот на независноста” на македонските граѓани

Сергеј Самсоненко го честита “Денот на независноста” на македонските граѓани

Денес Република Македонија го одбележува 8-ми септември, денот кој е круна на борба на многу генерации за македонска држава. По тој повод почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Самсоненко, кој истовремено е и сопственик на сите три клуба на Вардар, на сите македонски граѓани им го честита Денот на независноста:

Во мое, но и во името на руските граѓани, ви го честитам 8-ми септември – Денот на независноста на Македонија.

Овој ден е најзначаен датум во македонската историја, симболизирајќи ја одлуката на македонскиот народ да создаде самостојна и независна држава. Изразувам длабока почит на одлучноста за создавање суверена и рамноправна Македонија за сите народности кои живеат во неа. Посакувам траен мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот.

Со срдечен поздрав и желба за социјален, економски и политички напредок, уште еднаш ви го честитам Денот на независноста на Македонија.”

Со почит,
Сергеј Самсоненко