Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александар Таневски: “Јуниор лигата“ е неопходен проект во делот на натпреварувањето, кој нуди одлична можност за напредокот на децата кои се занимаваат со ракомет

Александар Таневски: “Јуниор лигата“ е неопходен проект во делот на натпреварувањето, кој нуди одлична можност за напредокот на децата кои се занимаваат со ракомет

Пред нас е првата сезона од ракометната “Јуниор лига“ , а полека се ближи почетокот на новата натпреварувачка сезона. Се повеќе се зголемува интересот на ракометните школи да бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар кој им ги нуди сите услови за функционирање на лигата на највисоко можно ниво. Добрата и беспрекорна организација е препознаена од многу школи низ цела Македонија, кои се приближуваат кон овој проект, кој има за цел да ги соедини сите школи во земјава. РК Филип – Вардар и во новата сезона ќе биде дел од оваа лига. Во следново интервју имавме можност да разговараме со еден од предводниците на ова школа и еден од најзаслужните за квалитетот на играчите кои произлегуваат од тука. Се работи за Александар Таневски, кој со голема љубов им го пренесува своето знаење на неговите играчи кои се развиваат во подобри ракометари. Некои од нив се веќе дел од црвено-црното семејство.


-Анализираќи ја измината сезона од повеќе агли, генерално “Вардар Јуниор Лигата“ е неопходен проект пред се во делот на натпреварувањето. Првата година и првата сезона се веќе позади нас, на површина испливаа повеќе резултатски успеси, но и недостатоци. Во сезоната која следува, есенскиот дел се надеваме дека ќе продолжи спрема предвидениот календар на натпревари, а од оваа натпреварувачка сезона Академијата ни ја довери генерацијата 2000/2001 машки да се натпреварува во Прилеп со вкупно пријавените екипи во “Вардар Јуниор Лигата“. 
Моето лично мислење, во зависност од тоа дека повеќе од 10 години се натпреварувам во најразлични категории на РФМ, овој проект е повеќе од потребен заради зголемениот број на натпревари. Искуството стекнато од минатата сезона не направи поорганизирани, подобри во игра и во општата функционалност на нашата школа.

“Јуниор лигата“ несомнено го зголеми интересот кај децата во цела Македонија да започнат да се занимаваат со ракомет. Овој проект на ракометниот клуб Вардар им ги нуди сите услови и поволности на децата да се натпреваруваат во лигата во различни возрасни категории.

Земено во предвид погоре споменатото од нашите анализи, нормално е да има се повеќе интерес за учество во нашата школа. Зголемен е бројот на деца кои сакаат да бидат дел од “Вардар Јуниор Лигата“, реално и амбициите на секое дете кое тренира ракомет со тек на време му стануваат повисоки а “Јуниор Лигата“ нуди одлична можност за докажување во напредокот на децата.

vardarfans fillip vardar

РК Филип -Вардар беше една од најуспешните школи во дебитанската сезона на ова натпреварување.

-Не можам да го сокријам задоволството од напредокот на децата во сите категории, нашата цел за оваа сезона за разлика од минатата е да ги одбраниме сите резултати кои ги постигнавме и да се обидеме да напредуваме уште повеќе. Знаете никогаш не е доволно да се биде најдобар, секогаш треба дополнителен труд да се биде или остане најдобар.

На почетокот на месец септември стартуваа подготовките на оваа школа за новата натпреварувачка сезона во “Јуниор лигата“. Кој не се запишал, сеуште има време да го стори тоа и биде дел од една ракометна приказна.

-Подготовките ги започнавме скоро, на почетокот на овој месец. Од недела во недела се зголемува бројот на деца кои сакаат да се дел од нас, со самото тоа селектирањето сега не ни оди баш од рака затоа што веќе селектираните категории се надополнуваат. Се надевам дека на почетокот на следниот месец ќе имаме конечно селектирани екипи по генерации ипол, но тука не застануваме што значи дека сме се уште отворени за уписи на нови деца.

Неколку играчи од школата на РК Филип – Вардар се прекомандувани да работат и играат во младинските категории на ракометниот клуб Вардар. Квалитетната работа на тренерскиот тандем Таневски-Николовски дава резултат уште во првата сезона на “Јуниор лигата“.

-За крај, како ефект од она што го работиме,на прашањето дали има деца кои заминале или се веќе дел од младинските погони на РК Вардар. Има и тоа оваа година 3 деца заминаа, минатата исто така, за тие што не знаат еве во најразлични категории од РК ФИЛИП – ВАРДАР во моментов имаме 5 деца, еден е репрезентативец а останатите се по млади и очекуваме во следниот преиод да се најдат на списокот на репрезентација на Македонија во соодветните категории, изјави Александар Таневски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски