Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар високо го победи Тиквеш и се најде на чекор до пласман на Ф4 во Купот
Вардар високо го победи Тиквеш и се најде на чекор до пласман на Ф4 во Купот

Вардар високо го победи Тиквеш и се најде на чекор до пласман на Ф4 во Купот

Вардар 1961 како домаќин на четвртфиналната група од Купот на Македонија без проблеми се пласираше во финалето од групата откако со 42-24(21-12) го победија Тиквеш од Кавадарци. Иако настапивме без седуммина играчи за тренерот Стевче Алушовски тоа беше можност да им даде шанса на оние што помалку играат во мечевите од ЛШ и од СЕХА лигата.

Во финалето од групата сега Вардар ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Радовиш и Астраион. Најдобриот од групата ќе игра на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

По триумфот против Еурофарм Пелистер во домашното првенство во саботата, оние што најмногу го понесоа товарот добија одмор. На првиот, утрински натпревар во составот на Вардар ги немаше Стоилов, Гаџа, Дибиров, Ристовски, Чупиќ, Валчак. Затоа повеќе минутажа добија Векиќ, Јагуриновски, Атанасовски, Димитриоски, Карапелевски.

Гостите од Кавадарци беа без Јанчев нивниот најдобра ракометар, но и без тоа немаа шанса против ракометарите на Вардар кои особено „силно притиснаа” во второт полувреме кога направија и најголема разлика од „плус 18″ гола.

ВАРДАР 1961: Шеваљевиќ 1, Јагуриновски 9, Димитриоски 10, Георгиевски, Карапалевски 6, Дисингер, Јотиќ 3, Калараш, Талески 1, Векиќ 3, Атанасовски 6, Кантагрел, Мишевски 3, Кизиќ.