Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 15.коло! Вардар го истисна Чаир од 3.место, Куманово и Металург по план
Преглед 15.коло! Вардар го истисна Чаир од 3.место, Куманово и Металург по план

Преглед 15.коло! Вардар го истисна Чаир од 3.место, Куманово и Металург по план

Овој викенд се одигра 15.коло во женската ракометна Супер лига.  Овче Поле СУ кој е засилен оваа пролет го совлада Кузман со 38-22. Куманово ја оправда фаворитската улога кај Пелистер, во дербито Металуг гостуваше кај Чаир. Сино-белите победија со 23-26, кај нив Тасевска Марија беше прв стрелец со 7.гола на оваа средба.  Спартак Сетекс во дуел со возбудлив финиш и по пресврт го совлада со 27-25 тимот на Деспина. Кај победникот Коларовска погоди 9.пати и ја мина троцифрената граница (106.гола), втор стрелец беше исто екс вардарка, Грозданоска со 6 гола.
Стружанка по двата пораза од нас дојде до првата победа во 2021 совладувајќи го Ѓ.Петров со 26:23, кај домаќините Делиоска Магдалена погоди 8.пати и беше прв стрелец.

160456401_10219197934161375_1596502730167399119_o

ЖРК Вардар гостуваше кај тимот на Гевгелија, тој дуел имаше промена на водствата. Најпрвин отворивме ние со предност 1-4, домаќинот направи пресврт и поведе со 10-9. На одмор заминавме со негатива од еден гол (14-13), но во вториот дел со мини серија 1-3, ја преземавме предноста поведувајќи (15-17) истата не ја испуштивме до крај кога победивме со плус пет, 24-29. Кај нас прв стрелец беше Трпевска Ивона со 9.погодока, таа воедно е “ударна игла“ на црвено-црните оваа сезона. На клупската листа на стрелци е суверено прва со вкупно 83.голови  сезонава, односно постигнува над 6 погодока по одигран меч. Голманките, Трајкоска и Илиќ имаа по 6.одбрани, одлично се врати во ритам Миновска со 5.гола колку што имаше и расположениот пикер,  Дамјаноска. Капитенот, Диневска оваа средба ја заврши со 4 затресувања на мрежата.

* Со клик на било кој резултат може да погледнете детали од средбата, односо комплетен записник.

158276683_252068259745398_7874406748124609108_n-660x330

На табелата, тимот на ЖРК Куманово и Металург останаа на позициите еден-два. Црвено-црните дами на Ристова и Царчев го минаа Чаир и сега се „бронзената“ позиција зад водечкиот двоец. Деспина и Стружанка остана на идентични места како и пред ова коло, Спартак со победата дома користејќи го фактот што ние ја совладавме Гевгелија ја зазема нивната позиција на табелата одејќи позиција погоре.

Табела:

Во средината на оваа седмица, односно начелно на 1.април се планирани дуелите од 3.рунда оваа пролет. Вардар игра скопски дуел со Спартак, Чаир гостува кај Куманово што е шанса за нас да се зацврстиме на позицијата број.3. Ова се паровите за идното коло: