Вардарци ќе играат во финалето на турнирот „Хумел Куп“ кој се игра во Магдебург.
Во полуфиналниот натпревар, избраниците на Вујовиќ успеаа да дојдат до победа во дуелот со екипата на Холстебро. Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето, и ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола, по истекот на првите 30 минути, Вардар имаше минимално водство од 14:13.
Во второто полувреме се одлепивме резултатски, кога направивме серија на погодоци и „побегнавме“ на пет гола од противникот. Екипата на Холстебро за која настапуваат неколку искусни ракометари се обиде да го намали резултатот, тоа им успеа кога негативата беше на три гола. Сепак Вардар одржуваше силно темпо на игра и не дозволи до крајот да биде изненаден. Вардар славеше победа со резултат 33:28.
Најефикасни во нашите редови беа Тото и Талески кои постигнаа по 6 голови, додека Гурбиндо имаше 5. Утре на програмата е финалниот натпревар, со подобриот од натпреварот меѓу Магдебург и Горење.