Фудбалерите на Вардар имаа успешна контрола пред стартот на новата сезона која започнува во среда. Играчите на Горан Симов во еден доста интересен и пред се дуел во знакот на ,,црвено – црните” победија со резултат 1:2 (0:0).
По првиот дел немаше голови на дуелот во Струмица. Вардар одново ја покажа на дело својата гранитна одбрана, која играше добро иако на голот денес го немаше Илиќ, односно бранеше младиот Стојковски Лука. Во вториот дел, односно во 73.минута, преку напаѓачот Гроздановски Дарко, Вардар дојде до предност од 0:1. Само пет минути подоцна, преку стоперот Стојковски Трајче, Вардар дојде и до убедливи 0:2. До крајот на дуелот екипата на Беласица успеа да намали и да ги постави конечните 1:2 на овој дуел.
Вардар се враќа во Скопје и во својата база ќе се подготвува за првото коло и дуелот против Кораб во Дебар в среда.