Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар „сребрен“ на „Ѓорче Петров Куп“, Илиќ со награда за најдобар голман
Вардар „сребрен“ на „Ѓорче Петров Куп“, Илиќ со награда за најдобар голман

Вардар „сребрен“ на „Ѓорче Петров Куп“, Илиќ со награда за најдобар голман

Тимот на  Ѓорче Петров и Вардар одиграа борбен и неизвесен натпревар во финалето од првиот „Ѓорче Петров Куп“. Победник на турнирот е екипата на Ѓорче Петров која победи во  финалето со 28:23.

Вардарки подобро го започнаа натпреварот и отворија со 2:0, потоа Ѓорче со серија 0-4 ја превзема инцијативата. Тие поведоа со два разлика и ги задржаа до одморот.  После 30 минути игра домаќинките на турнирот водеа 16:14.

Подобро домаќинот влезе во вториот дел, Ѓорче Петров поведе со 23:17, но следуваше период од шест минути без погодок што Вардар го искористи и се доближи на 23:20. Вардарки имаа шанса во три напади по ред да погодат за минус два, но не успеаа домаќинот победи со 28-23.

Во составот на Варадар најпрецизна беше Сара Миновска со осум гола. Дамјаноска имаше 4гола. Трајкоска фати 8, а Илиќ 5 топки сопра.

Илиќ доби награда за најдобар голман на турнирот.