Актуелниот Европски шампион, тимот на Вардар попладнево во Виена ги дозна своите противници со кои ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона.
ВАРДАР се најде во групата А заедно со тимовите на ПСЖ, Порто, Келце, ПИК Сегед, Брест Мешков, Фленсбург и Елверум.
Ова значи дека во Скопје ги очекуваме Гонзалез, Кристопанс, потоа Карачиќ, Митревски, Скубе..
Му посакуваме среќа на нашиот Вардар во новата сезона со новите противници!
Новата сезона во клупското натпреварување се очекува да започне во септември.