Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Секој може секого да победи, ќе одиме чекор по чекор!
Алушовски: Секој може секого да победи, ќе одиме чекор по чекор!

Алушовски: Секој може секого да победи, ќе одиме чекор по чекор!

Актуелниот Европски шампион, тимот на Вардар попладнево во Виена ги дозна своите противници со кои ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона.

ВАРДАР се најде во групата А заедно со тимовите на ПСЖ, Порто, Келце, ПИК Сегед, Брест Мешков, Фленсбург и Елверум.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски ја коментира новата група на Вардар, за која вели дека ќе одат чекор по чекор и дека секој може секого да победи.

,,Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противник. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го оствариме тоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме” , вели Алушовски.