Вардарци за два дена остварија нова победа, овој пат на гостувањето во Словачка против екипата на Татран Прешов. Во еден неизвесен и израмнет меч, црвено-црните подобро се снајдоа во завршницата.
Поведовме со 1:3 со голот на Дибиров, но следуваше серија од три погоци на Татран за преземање на водството од 4:3 во седмата минута. Во следните 17 минути се играше гол за гол на двете страни, ниту една од двете екипи не успеаа да поведе со повеќе од еден гол разлика. Вардар и Татран константно се менуваа во водство, на неколку пати резултатот беше израмнет. Повторно успеваме за кратко да се одалечиме од домаќинот, кога со голот на Манасков поведовме со 10:12. Како и на почетокот, така и во овој период Татран успева да одговори со три погодоци во серија и да го врати водството во своја корист. До крајот на првиот дел, успеавме со гол предност да го завршиме првото првото полувреме. Резултатот по првите 30 минути гласеше 14:15.
Второто полувреме започна со голот на Дибиров, веднаш потоа погоди и Душебаев за прв пат да имаме највисоки три гола позитива 14:17. За разлика од претходниот меч со Војводина, Арпад Штербик овој пат започна на голот и на стартот на вториот дел веќе имаше забележано 10 успешни интервенции. Лацковиќ ја продолжува нашата голгетерска серија за резултат 16:20. Татран во следните минути успеаа да намали на два гола негатива. Неколкуте наши грешки, му овозможија на домаќинот во 45 минута да го израмни резултатот на 22:22. Следуваше се од почеток, црвено-црните мораа да се потрудат за да го скршат отпорот на противникот. Крок го донесува тимот на Татран во ново водство, овој пат 23:22. Штербик продолжува со добри одбрани на голот, вкупно до тие моменти впиша 12 одбрани, што овозможија со голот на Стоилов да ја вратиме предноста. 13-те одбрани на Штербик и шестиот гол на Горбок ни донесоа два гола позитива на четири минути пред крајот 25:27. Марсениќ игра одлично во последните десет минути од натпреварот и не одржува во водство. Татран имаше последен напад да го израмни резултатот, но не успеаа во таквите намери. Конечниот резултат гласеше 27:28
Најефикасни во нашиот состав беа Циндриќ и Горбок кои постигнаа по 6 голови. Штербик одличен на голот, со 13 успешни интервенции.