Жрк Вардар јуниор по елиминацијата на британскиот тим Лондон во 1/8 финалето од Челинџ купот се сретнува со српскиот претставник Војводина. Како што е договорено нашите девојки два пати ќе бидат домаќин на Минаква Војводина. Овој осминфинален дуел ќе се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и истиот е закажан за на 16 и 17 јануари.
Причината за ваквиот договор е желбата на обете екипи за да заштедат време и финансиски средства. На првиот дуел домаќин ќе биде ЖРК Вардар јуниор истиот е закажан со почеток 14:00 часот. Вториот меч за “формален домаќин“ го има тимот на Минаква Војводина, истиот е закажан час подоцна, со почеток во 15:00 часот. Победникот во овој дуел се пласира во следната четвртфинална фаза од Челинџ купот.