Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александра Кузмановска: На Македонскиот ракомет му фалеше нешто вакво, како “Вардар Јуниор“ лигата
Александра Кузмановска: На Македонскиот ракомет му фалеше нешто вакво, како “Вардар Јуниор“ лигата

Александра Кузмановска: На Македонскиот ракомет му фалеше нешто вакво, како “Вардар Јуниор“ лигата

“Вардар Јуниор“ лигата е одличен проект на нашиот ракометен клуб, кој успеаа да ги спои сите дечиња, кои во иднина сакаат да се занимаваат со овој спорт. Во оваа лига имаат можност да се натпреваруваат екипи од различни возрасни категории, почнувајќи од најмалите па се до највозрасните. Вклучени се вкупно 20 ракометни школи низ цела Македонија, кои се дел од академијата на Вардар. Кузман- Вардар е една од нив, која е предводена од тренерите Александра Кузмановска и Александар Савов.

-Одлично е што лигата за која Ракометната академија Вардар имаше идеа од минатата сезона дојде до реализација. На македонскиот ракомет му фалеше нешто вакво, бидејќи сите клубови кои се членови на Академија Вардар немаат можност да ги пријават своите играчи во некоја од лигите на РФМ, а и за некои нема возрасни категории во кои би се натпреварувале. Во Вардар Јуниор Лигата децата се натпреваруваат од најмала годишна возраст, односно мини ракомет во кои се вклучени и дечиња родени 2006/07 и помали и уште од таа возраст тие се стекнуваат со натпреварувачкиот дух и играчко искуство. Многу е битно доколку сакаме да имаме добри играчи во иднина, тие да имаат можност постојано да имаат натпревари, да се докажуваат, бидејќи натпреварите се многу битни да видиме кој како го применува тоа што секојдневно го учи на тренинг. Затоа Вардар Јуниор Лигата е многу битна. 

Во Вардар Јуниор лигата се вклучени многу познати ракометни лица, кои се поранешни и сегашни тренери на познати екипи. Сите тие заедно им го пренесуваат своето непроценливо искуство на младите, кои имаат желба да успеаат со ракометот.

Децата се задоволни, од натпревар во натпревар влегуваат помотивирани, со огромна желба да ги докажат сите свои квалитети. Од големо значење за нив е што на натпреварите се присутни тренерите на РК Вардар кои постојано ги набљудуваат па мотивот да се биде подобар е уште поголем. 

vardrafans kuzman-vardar

Веќе се одиграа три натпреварувачки кола од лигата. Тренерот на Кузман Вардар искажува задоволство од залагањето и резултатите на својата екипа.

-Ние се натпреваруваме во три возрасни категории 02/03, 00/01 и 98/99. Засега сме задоволни од прикажаното, но работиме напорно и се стремиме кон повисоко место на табелата,изјави Александра Кузмановска за Вардар фанс.

Михајло Тушевски