Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардаровиот голман Гачевски прогласен за “најдобриот домашен фудбалер за 2015“
Вардаровиот голман Гачевски прогласен за  “најдобриот домашен фудбалер за 2015“

Вардаровиот голман Гачевски прогласен за “најдобриот домашен фудбалер за 2015“

Фудбалската федерација на земјата му даде големо признание на голманот на црвено – црните.  Гачевски Филип е прогласен за “најдобриот фудбалер од домашното првенство за 2015 година“ .

Вардаровиот голман вчера  беше прогласен за најдобар домашен играч на свеченоста која се одржа во Македонскиот народен театар. Најголем успех на на Филип за   2015 година е поставениот рекорд  во македонскиот фудбал , тој успеа  да одбрани 912 минути без примен гол во времето кога беше дел од штипска   Брегалница. Тој рекорд го постигна во  пролетниот дел од минатата фудбалска сезона што беше препорака да дојде во најголемиот македонски фудбалски клуб Вардар. За потсетување претходен рекордер беше Пачовски исто така сегашен актуелен голман на ФК Вардар што заедно со Павловиќ кој е трет голман е голема предност да се има најдоброто голманско трио во еден фудбалски тим.