Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар и Жрк Вардар јуниор ќе одиграат тест-мечеви со Крајова
Жрк Вардар и Жрк Вардар јуниор ќе одиграат тест-мечеви со Крајова

Жрк Вардар и Жрк Вардар јуниор ќе одиграат тест-мечеви со Крајова

Нашите два црвено-црни женски ракометни колектива продолжуваат во натамошната фаза од европските натпреварувања. Првиот тим предводен од Кастратовиќ ќе игра во втората групна фаза од ЕХФ Лигата на шампионките, а младите девојки од Вардар јуниор предводени од Симе Симовски ќе играат 1/8 финале со српска Војводина во  ЕХФ Челинџ купот. Заради слабата домашна лига нашите девојки ќе играат тест мечеви со романска Крајова.

Романките  ќе пристигнат во Скопје во недела, а следниот ден ќе одигра тест-меч  со Жрк Вардар јуниор. Ден потоа на  29 декември ќе се сретнат  со нашиот прв тим, а на 30 декември ќе го одиграат вториот дуел  со Вардар јуниор. Крајова е моментално се наоѓа на шестата позиција  во романското лига.

Ова е распоред на пријателските натпревари со Крајова

  • 28 декември (18 часот) – Вардар јуниор – Крајова
  • 29 декември (18 часот) – Вардар – Крајова
  • 30 декември (12 часот) – Вардар јуниор – Крајова