Со кој квалитет располага нашиот женски ракометен колектив во своите редови, вистински показател е планетарниот собир во Данска на најдобрите женски репрезенации. Во четвртфиналето на Светското Првенство за ракометарки во Данска се најдоа дури седум наши девојки.
Нашите седум девојки успеаа со своите репрезентации да идат понатака, и тоа во 1/4финалето како дел од следните репрезенациите : Франција, Русија и Црна Гора. Со француската репрезенација 1/4 финале изборија Сираба Дембеле и Амандин Лејно, со црнагорската обезбедија место три наши ракометарки и тоа : Радичевиќ, Кликовац и Итана Грбиќ, а со А-Селекцијата на Русија понатака одат Татјана Хмирова и Олга Черноиваненко.
Во четвртфиналето Црна Гора ќе игра против Норвешка, Франција против Холандија, Русија со Полска, а Данска против Романија.