Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор утре гостува кај РК Прилеп

РК Вардар јуниор утре гостува кај РК Прилеп

cv

Утре младиот црвено – црн ракометен колектив предводен од Пепи Манасков ќе гостува во Прилеп, кај истоимениот суперлигаш. Ова е меч во рамките на 14.коло од машката Супер лига.

Мечот со РК Прилеп 2010 е закажан со почеток во 19-00 часот во спортската сала во Прилеп. Моментално на табелата нашиот противник е третопласиран со 27 бода, за разлика од нас кои со 18 сме на петтата позиција, која не носи за жал место во разигрувањето напролет. Прилепчани однесоа победа и во првиот дул одигран во С.Р.Ц “Кале“ на 10.ноември. Tие мечот го добиjа со убедливи 24-32. Следниот меч во најквалитетната македонска ракометна лига го играме дома со тимот на РК Тинекс Пролет 62.