Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лацковиќ: Во мечот со Татран имавме среќа, но покажавме карактер како вистински тим
Лацковиќ: Во мечот со Татран имавме среќа, но покажавме карактер како вистински тим

Лацковиќ: Во мечот со Татран имавме среќа, но покажавме карактер како вистински тим

Вардарци за два дена одиграа два гостински меча во регионалната ГСС СЕХА-лига. Тие вчера  остварија нова победа на  гостувањето во Словачка против тимот  на Татран Прешов. Тоа беше еден навистина неизвесен, добар   и израмнет натпревар. Нашите црвено-црни момци успеаа подобро  да се снајдат  во самата завршницата. На минута ипол до крајот резултат гласеше 27:28, а домаќините имаа напад за изедначување кој траеше долго. Сепак успеавме да се одбраниме на 5 секунди до крајот, Манасков ја одзема топката и замина во контранапад кој немаше време да го реализира ,но тоа беше доволно за нова победа која ни го зацврсти местото на врвот од табелата. За овој меч хрватскиот интернационалец во вардаровите редоови Блаженко Лацковиќ го вели следното:

  • Ова за нас беше тежок натпревар , но сепак на крајот победивме. Нашиот противник Татран Прешов денес беше навистина добра екипа на теренот. Мора да признаам денеска имавме среќа, особено во последните пет минути од мечот кога Татран имаше контра за два позитива и погодија статива, мислам дека тука мечот ќе беше целосно решен. Сепак се извлековме , покажавме дека имаме “долга клупа“ , покажавме карактер на теренот и победивме за нас еден особено важен меч -Изјави Блаженко Лацковиќ.