Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марко Ѓоргиевски од Фк Вардар е најдобар млад стрелец за сезона 2014/2015
Марко Ѓоргиевски од Фк Вардар е најдобар млад стрелец за сезона 2014/2015

Марко Ѓоргиевски од Фк Вардар е најдобар млад стрелец за сезона 2014/2015

Марко Ѓоргиевски кој настапува во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар ја доби наградата за најдобар стрелец во Македонскиот фудбал за сезоната 2014/2015. Вчера во Македонскиот народен театар, фудбалската федерација на Македонија ги додели наградите за најуспешните во изминатата натпреварувачка година. Признанието за најдобар млад стрелец му припадна на Марко Ѓоргиевски од редовите на Вардар.

vardarfans marko djorgievski najdobar mlad strelec

Напорната работа и труд, конечно исплива на површината. Ова младо момче кое на многу пати го најавивме и напишавме без број текстови, го оправда епитетот најдоброто од младинсите категории на Вардар во претходната сезона. Ова е негова трета година во најдобриот Македонски клуб. Претходно има настапувано за екипите на Фк Амаре и ССК Драчево. Пред две години ја освојува детската лига со тимот на Вардар. Минатата сеозна е прекомандуван да настапува за помладите пионери во домашното првенство и куп. Со оваа генерација успева да го освои купот на Македонија и вицешампионското место во првенството. Марко беше убедливо најдобар стрелец на својот тим, со неверојатни 37 погодоци кои беа запишани зад неговото име во двете натпреварувања на крајот од сезоната 2014/2015. Токму ова достигнување му ја овозможи оваа награда за најдобар млад стрелец во Македонскиот фудбал. На краот од сезоната се најде и во нашот избор за играчи кои ја одбележаа сезоната во младинските фудбалски категории. Настапува и во дресот на Македонската фудбалска репрезентација до 16 години. Оваа сезона го гледаме во една генерација повозрасна од минатата, Марко продолжува со успешни игри и постигнување голови за пионерите на Вардар.

Доколку сакате да дознаете повеќе за златната деветка на Вардар, тоа можете да го сторите преку следниве линкови кои беа напишани за ова младо и надежно момче.

-Марко Ѓоргиевски-големата надеж на Фк Вардар.

-Импресивни бројки зад името на Марко Ѓоргиевски.

-Незаборавна сезона за Марко Ѓоргиевски.

-Ѓоргиевски, Маркоски, Димков и Петковски ја одбележаа сезоната во младите фудбалски категории на Вардар.

-Марко Ѓоргиевски е новата фудбалска ѕвезда.